spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика...

МФ: Бесими – Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Забзување на реализацијата на значајните инфраструктурни проекти од јавен национален интерес е целта на денска усвоениот пакет закони поврзан со проектот Коридор 8 и 10д. Дел од пакетот закони се измените на Законот за експропријација кои се во насока на намалување на административниот товар, кој го успорува процесот и на тој начин и реализацијата на проектот, а од другата страна ги штити граѓаните и нивните права.
„Она што го правиме е олеснување на постапките и намалување на админитративниот товар за институцијата која е носител на реализацијата на проектот, но секако и заштита на правата на граѓаните, но не значи легализација на бесправно изградени објекти, кои ќе бидат предмет на експропријација во овој проект. Конкретно измените на Законот за експропријација имаат два аспекта и се насочени да го олеснат и забрзаат процесот на експропријација, а со тоа и директно да влијаат кон забрзана динамика на реализација на целиот проект. При тоа се водеше сметка и за заштита на правата на граѓаните“, рече министерот Бесими.
Измените, додаде министерот,  не значат дека ќе се овозможи легализација на нелегално израдени објекти. Легализацијата на бесправно изградените објекти, а за кои има поднесено барање се одвива согласно законско решение донесено во 2011 и направени измени подоцна. Она што се овозможува со измените во Законот, што денеска беа усвоени на седницата, е дека граѓаните за имот кој ќе биде предмет на експропријација, а живеат во него, ќе имаат право на надомест за закуп во период од 12 + 6 месеци.
„Овие законски решенија се во интерес на сите. Тие се во насока и даваат можност проектот да се реализира за пократок период и со пониски трошоци, а истовремено и придобивките од него да ги користат граѓаните побрзо, односно како што е предвидено во овој случај за 5 години,  рече министерот.
Во насока на забрзана реализација на овој проект се и измените и дополнувањето на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот  кои ќе овозможат ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки, акциза на енергенти и данок на моторни возила на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за цели на пректот.
Ова се измени кои веќе биле ползувани  и при реализација на проектот за изградба на автопатот Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид и не претставуваат исклучок. Министерот се осврна на економските придобивки и посочи дека Владата работи во интерес на граѓаните, во интерес на бизнисот, во интрес на државата и дека инвестицијата ќе даде придонес годишно од 2 % во номиналниот бруто-домашен производ, средства кои ќе се слеат во домашната економија и отворање на нови 8000 работни места.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...