HomeМинистерстваМЖСПП: Вложуваме во едукацијата на децата и младите за животната средина

МЖСПП: Вложуваме во едукацијата на децата и младите за животната средина

spot_img
spot_img

На средбата на министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова со претставничката на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија Партиција Ди Џовани, беа презентирани досегашните активности на двете институции во насока на образование на младите за здрава животна средина и за намалување на негативните последици од климатските промени.

Во текот на отворениот разговор се изнајдоа многу заеднички точки за идна, уште позасилена соработка, како  дополнување на пошироките активности на Mинистерството поддржани од билатерални и мултилатерални партнери и беше изразена согласност за заеднички настап во увидот на веќе реализираните активности со повеќе училишта на територијата на државата во делот животна средина и климатски промени.

Вложуваме во едукацијата на децата и младите за животната срединаПретставничката на УНИЦЕФ изрази благодарност на подготвеноста на министерката Шукова за соработка со УНИЦЕФ во постигнување на заедничката цел – обезбедување поздрава животна средина и намалени климатски промени преку партнерство со младите и нивна вклученост во процесите на одлучување.

Министерката Шукова информираше дека во нацртот на Законот за климатска акција е предложено вклучување на еден претставник на младите и во работата на Националниот комитет за климатска акција.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија