spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со претставници на УНОПС

МЖСПП: Средба со претставници на УНОПС

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со директорката на Канцеларијата на  УНОПС во Србија за повеќе земји Михела Телатин, придружувана од партнерскиот советник на УНОПС за Северна Македонија Џиани Волпин и поектниот соработник во Канцеларијата на УНОПС во Скопје, Александар Владичевски.

На средбата се разговараше за досегашните партнерски активности меѓу МЖСПП и УНОПС, особено во делот на чистењето на малата депонија во Охис од историскиот опасен отпад, како и за можноста соработката да се продолжи и во други области. Во делот на чистењето на ОХИС се разговараше за можностите за понатамошна вклученост на УНОПС и во чистењето на другите лотови од депонијата, а како можни области за соработка беше спомената соработката во рамки на Секторската оперативна програма 2024-2027 година, како и проектите планиарани во GEF 8 Програмата, фокусирана на областите биодиверзитет, климатски мпромени и деградација на земјиштето.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...