spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на третата министерска конференција за одржлив урбан развој на „Унија...

МЖСПП: Оџаклиеска на третата министерска конференција за одржлив урбан развој на „Унија за медитеранот“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учестуваше на третата министерска конференција за одржлив урбан развој на „Унија за медитеранот“ (Union for the Mediterranean,UfM) што во организација на ко-претседавачите од ЕУ, Кралството Јордан и Секретаријатот на  „Унија за медитеранот“ се одржува во Загреб, Хрватска.

Одржувањето на оваа министерска конференција претставува значајна можност за државите членки на „Унијата за медитеранот“ да го поттикнат регионалниот дијалог и соработката и да ги координираат регионалните напори за искористување на фондовите за финансирање на националните одржливи програми, во областа на одржливиот и интегриран урбан развој. Главниот фокус на конференцијата е на практичната поддршка за имплементација на веќе одобрените од УфМ национални планови кои се однесуваат на остварување на целите за одржлив урбан развој ,како и на дијалог за главните предизвици и решенија ралевантни за целиот медитерански регион, за постигнување на глобалната цел за одржлив развој 11 (Одржливи градови и заедници).

2Во своето излагање, Оџаклиеска истакна дека водечка идеја  во сите активности за урбан развој во светот, вклучително и во РС Македонија, е концептот на одржливост со сите негови деривати (одржлив развој, оджлива употреба на природните ресурси и зачувување на биолошкиот и културен диверзитет). РС Македонија во декември 2015 година започна со вклучување на глобалната „Агенда за одржлив развој 2030“, во нејзиниот „Национален план за одржлив развој“, со цел развој на  „План на Цели за одржлив развој“ ЦОР (2016-2030). Одржливоста на животната средина е една од приоритетните области за нашата земја и сите наши развојни планови  ја вклучуваат и глобалната цел за одржлив развој 11 – Одржливи градови и заедници.

За да ги постави основите за спроведување на глобалната „Агенда за одржлив развој 2030“, Владата на РС Македонија презеде заедничка иницијатива со ООН за интегрирање на ЦОР во процесот на националното планирање.

Во моментов, изработуваме нов „Национален просторен план“, а веќе е изработена и нова Методологија за интегрирање на климатските промени во просторното планирање, со која се даваат насоки за преземање соодветни мерки за адаптација во урбанистичкото планирање. Законот за урбано зеленило е особено важен за урбанистичкото планирање, и со истиот задолжителни се најмалку 20% зелени површини во урбаните средини. Во новиот Закон за просторно планирање (кој е во фаза на изработка) ја интегрираме и Зелената инфраструктура, чиј концепт е особено значаен за постигнување на целта за одржливи градови и хумано домување.

3Воедно, РС Македонија ќе продолжи да прави напори во остварувањето на Милениумските развојни цели и намалувањето на притисоците врз животната средина и здравјето на луѓето од национален, европски и глобален аспект, и во таа смисла ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка на сите иницијативи, декларации, резолуции и договори секогаш кога е потребно,  за да придонесеме на глобален план кон забрзување на промените, рече Оџаклиеска.

4На министерската конференција беше усвоена министерска декларација, а со свои поздравни говори  се обратија еврокомесарката за кохезија и реформи при Европската Комисија, Елиса Фереира, министерот за јавни работи и домување на Кралството Јордан, Ахмад Махер Хамди Тауфик Абуелсамен, потоа генералниот секретар на „Унија за медитеранот“, Насер Камел, и хрватскиот министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...