spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба со регионалниот претседател на Германската асоцијација за рециклирање на отпад

МЖСПП: Средба со регионалниот претседател на Германската асоцијација за рециклирање на отпад

На барање на Г-н  Јоханес Хајдекер, советник на претседателот на РСМ во Владата на Република Северна Македонија, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова имаше работна средба со регионалниот претседател на германската РЕТех асоцијација за рециклирање и отпад, Армида Хемелинг, со кои се разговараше за состојбата со собирање, управување и третманот на отпадот во нашата држава и можностите за системско подобрување на процесите со цел да се минимизира отпадот  и да се подобрат условите за воспоставување на систем за селекција и рециклирање на искористените производи.

Шукова рече дека отпадот, кој придонесува за загадувањето на животната средина континуирано е актуелна тема во нашата држава и дека секоја можност за подобрување на состојбата со управувањето и намалување на штетните влијанија на отпадот врз животната средина го подобрува на квалитетот на живот на граѓаните.

Заеднички се констатира дека соработката ќе продолжи и интензивира во иднина.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...