spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСекој европски фонд искористете го за подобрување на македонското земјоделство

Секој европски фонд искористете го за подобрување на македонското земјоделство

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во општина Кавадарци ја презентираа новата ИПАРД 3 програма.

– Ме радува фактот што досегашните резултати покажуваат дека постои интерес за ИПАРД програмата и што има интерес и за новата ИПАРД 3 програма која низ вакви теренски активности ќе биде промовирана на македонските земјоделци. Ова е најдобар начин да се запознаете со можностите кои таа ги нуди и зошто е важно секое евро, секој расположлив европски фонд да го искористиме за подобрување на македонското земјоделие, кажа Маричиќ пред присутните.

Вицепремиерот истакна дека новата ИПАРД 3 програма нуди дополнителни 97 милиони евра, неповратни европски средства помош на македонските земјоделци за одржлив развој и модернизација на производството.

– Нашата цел е да овозможиме на македонските производители да ги користат расположливите неповратни ЕУ средства за поддршка, за што поголем број од нив да бидат поконкурентни и да постигнат одржлив бизнис во земјоделскиот сектор, посочи вицепремиерот.

Маричиќ им порача на земјоделците дека европската помош која ја добиваат од ЕУ е потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат и дека македонските земјоделци треба да се најголеми поддржувачи на интеграцијата во ЕУ, бидејќи најголеми придобивки и можности нуди европската земјоделска политика за нив.

На презентацијата за ИПАРД 3 пред жителите на општина Кавадарци вицепремиерот ги наброја придобивките кои ги добиваме со членството во ЕУ, а конкретно за земјоделците тоа значи: слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ, ќе можеме да регистрираме и заштитуваме земјоделски производи, дополнителен пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, кои ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, со кои македонските земјоделци ќе имаат можност за полесно модернизирање на земјоделството и производство на многу поквалитетни и поконкурентни производи, отворен пазар за произведената македонска храна и подобрен квалитет и хигиена на храната, 100% безбедна, сигурна и конкурентна на европскиот пазар.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Кавадарци, со кој вицепремиерот Маричиќ претходно оствари средба, на која разговараа за искористувањето на европските ИПА фондови и реализацијата на проекти со европски средства, со кои локалната самоуправа се доближува до европските стандарди.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...