Месец мај ќе биде месец на куглање за учениците од основните училишта во Општина Центар.
Нашата нова соработка со Куглана Мусандра ГТЦ ќе обезбеди бесплатно куглање за учениците од осумте центарски училишта, каде што ќе имаат можност да се рекреираат и да ги изучуваат техниките на кугларскиот спорт од врвни тренери кои бележат успеси и на меѓународни натпревари.
Куглана Мусандра ГТЦ ќе обезбеди и бесплатна спортска опрема за потребите на учениците и расположливост на сите патеки за куглање кои се налик светските куглани.
Ова е одлична можност за учениците квалитетно да го искористат слободното време и преку изучување на нови спортски техники да го поттикнат спортскиот дух, како и развојот на тимската игра и лидерските способности.