HomeОпштиниЦентар: Бесплатно куглање за учениците

Центар: Бесплатно куглање за учениците

spot_img
spot_img

Месец мај ќе биде месец на куглање за учениците од основните училишта во Општина Центар.

Нашата нова соработка со Куглана Мусандра ГТЦ ќе обезбеди бесплатно куглање за учениците од осумте центарски училишта, каде што ќе имаат можност да се рекреираат и да ги изучуваат техниките на кугларскиот спорт од врвни тренери кои бележат успеси и на меѓународни натпревари.

Куглана Мусандра ГТЦ  ќе обезбеди и бесплатна спортска опрема за потребите на учениците и расположливост на сите патеки за куглање кои се налик светските куглани.

Ова е одлична можност за учениците квалитетно да го искористат слободното време и преку изучување на нови спортски техники да го поттикнат спортскиот дух, како и развојот на тимската игра и лидерските способности.

 

Извор: Општина Центар 
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија