spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Хусејин - Прекувремена работа само со писмена изјава на работникот, право...

МТСП: Хусејин – Прекувремена работа само со писмена изјава на работникот, право на дневен и неделен одмор и платен секој прекувремен час

Во Владата на Република Северна Македонија се оддржа прес конференција на која се обратија Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за транспорт и врски, економија, финансии, Бочварски, Бесими, Бектеши и заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин.

Прес конференцијата се однесуваше на законските измени кои ќе се предлагаат до Собранието за реализација на коридорите 8 и 10Д.

 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин потенцирајќи го значењето на изградбата на коридорите 8 и 10 д, посочи дека се неопходни измени во Законот за работни односи.

„Првата измена е на одредбата која се однесува на прекувремена работа, односно заради потребата од континуитет во работата на овој проект се наметнува потребата од прекувремена работа која може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно. Работниците се заштитни со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 % согласно Законот и колективниот договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено. Согласно законот, работниците имаат право на дневен и неделен одмор“, рече Хусеин.

Истовремено, заменик министерот Хусејин потенцираше дека, прекувремената работа ќе зависи и од активностите и процесите на работа на трасите, што значи, дека ќе има и денови кога воопшто нема ниту да има потреба од прекувремена работа.

Тој посочи и дека, поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија се јави потреба истите да може да се спроведуваат и во недела.

„Она што е важно да се напомене, дека изградбата на Коридорите 8 и 10-д во никаков случај нема да претставува експлоатација на работниците и нарушување на нивните права загарантирани со закон. Нема да дозволиме ниту еден работник да биде експлоатиран, на ниту еден работник нема да му биде нарушено работничкото право, затоа што законите постојат за да ги штитат граѓаните“, истакна Хусејин.

Заменикот истакна дека, прекувремената работа не значи 60 часа неделно, но и не значи дека во текот на целата година ќе има прекувремена работа, тоа ќе зависи од временските услови за работа на терен, односно поинтензивно ќе се работи во месеците на пролет, лето и средина на есен.

„Изградбата на Коридорите 8 и 10-д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна економија на европска Северна Македонија“, порача Хусејин.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија