spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Делегацијата на Република Северна Македонија на средби во Собранието во Стокхолм

МТСП: Делегацијата на Република Северна Македонија на средби во Собранието во Стокхолм

Делегацијата од Република Северна Македонија го посети Собранието во Стокхолм, Шведска и се сретна со претставници на работната група за родова еднаквост на Шведскиот Парламент, меѓу кои и со првиот заменик-претседател Кенет Г. Форслунд и втората заменик-претседателка, Јулија Кронлна, ЕУ советниците во Европскиот координативен секретаријат во Шведскиот парламент, Марија Сундин и Мигуел Палм и со член на комисијата за пазар на трудот, Хелена Вилхемсон.

 

На средбите се разговараше за регулативите на Шведска во однос на унапредување на правата на жените и унапредување на родовата еднаквост.

Од страна на претставниците од Собранието беа презентирани точките на фокус на пратениците во однос на родовата еднаквост.

Исто така, тема на дискусија беа и установите за згрижување на деца кои се во склоп со институциите во државата, со фокус на ваквите установи во Собранието. Од страна на претставниците беше објаснет начинот на функционирање на установите и нивната важност во унапредување на можностите на жените во Шведска.

Целта на студиската посета во Стокхолм на делегацијата од Република Северна Македонија која се реализира со поддршката на UN Women преку проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата еднаквост“ е размена на добри практики во делот на унапредување на родовата еднаквост.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...