spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Лога лично го достави до Државниот Универзитет во Тетово, Решението...

МП: Министерот Лога лично го достави до Државниот Универзитет во Тетово, Решението за регистрирање на правната клиника

Министерот за правда, Кренар Лога, лично го достави до Државниот Универзитет во Тетово, Решението за регистрирање на правната клиника во регистарот на Министерството за правда. Решението се предаде во присуство на  ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. Др. Куштрим Ахмети, претседателот на Сенатот, проф. Др. Вулнет Амети, деканот на Правниот факултет, проф. Др. Јусуф Зејнели, проректорот за финансии, проф. Др. Фатон Шабани и генералниот секретар на УТ, Адем Беадини.

Раководството на Универзитетот во Тетово го почести министерот Лога со многу драгоцен подарок, со фотографијата на основачот и прв ректор на УТ, Д-р. Фадил Сулејмани, за коешто министерот изјави дека отсега ќе заземе значајно место во неговиот кабинет.
Пред раководителите на УТ, деканатот и професорите на Правниот факултет,министерот Лога  уште еднаш ја изрази подготвеноста за соработка, како и за вклучување на професорите во сите работни групи за составување на закони.
Министерот за правда Кренар Лога рече дека се додека тој раководи  со овој ресор, Министерството за правда секогаш ќе има отворена врата за професорите и студентите од правните науки на Универзитетот во Тетово.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...