spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија припаѓа во ЕУ, интеграцијата е важна за подобра конкурентност на...

Северна Македонија припаѓа во ЕУ, интеграцијата е важна за подобра конкурентност на регионот и економско закрепнување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атлантскиот Совет (Atlantic Council). На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ.

На Советот беа споделени мислења дека клучно за Северна Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...