spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски на првата Национална конференција за италијанскиот јазик „Еден јазик, многу...

Центар: Герасимовски на првата Национална конференција за италијанскиот јазик „Еден јазик, многу можности“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски присуствуваше на првата Национална конференција за италијанскиот јазик “Еден јазик, многу можности”.
Во своето излагање пред еминентните гости, градоначалникот ја истакна важноста за воведување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во основните училишта и за перспективите и предизвиците со кои Општина Центар се соочува за да биде постигната оваа цел.
Исто така, посочи дека активностите што ќе се преземат во иднина се само доказ за традиционално успешната соработка што ја имаат Република Северна Македонија и Република Италија.

Прочитајте

Охрид: Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска

0
Во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Сценариото и режијата...