spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Преку успешно имплементирање на ИПА инструментот за прекугранична соработка, се презентира...

МЛС: Преку успешно имплементирање на ИПА инструментот за прекугранична соработка, се презентира и зрелоста на земјите од регионот за интегрирање во ЕУ

Спроведувањето на Програмите за прекугранична соработка со финансиска поддршка од ИПА инструментот на Европската Унија е најдобриот начин за учење на правилата на ЕУ за управување со јавните финансии и за спроведување на проекти, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на 9-тиот Форум за прекугранична соработка на земјите од Регионот.

-Ја поздравувам оваа пракса на Европската Комисија за организирање на регионален форум за прекугранична соработка, затоа што преку споделување на добрите примери, но и на лошите искуства најбрзо се учи и се коригираат работите. Исто така сакам да ја истакнам континуираната финансиска поддршка од Европската Унија преку ИПА инструментот за прекугранична соработка која што е многу важна за државата, за општините, за институциите и за граѓанските организации.

Затоа е важно сите учесници во процесот на спроведување да изградат капацитети и да работат транспарентно и отчетно.

-Во вториот програмски период,  во рамките на трите програми за прекугранична соработка на Северна Македонија со Албанија, со Косово и со Србија во просек се имплементирани или се во фаза на спроведување 50 заеднички проекти. Сеуште процесот на спроведување на програмите не е затворен, но тенденциите покажуваат дека реализацијата на ИПА средствата ќе биде над 90%. Тоа значи и скоро целосна искористеност на буџетската поддршка од 15% за кофинансирање на проектите, рече тој.

Пенов очекува во третиот програмски период Министерството за локална самоуправа да финансира проекти кои што ќе бидат одржливи и навистина корисни за граѓаните. За таа цел планираме со поддршка на Делегацијата на ЕУ да организираме и посебни обуки.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...