spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата...

МП: Седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот

Работната група за  подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот одржа седница на која се дискутираше за Деловникот,  методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период.

Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира  работната група .  Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот  ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
На работната група не и е даден рок за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот.
Работната група ќе продолжи со работа во четврток.

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...