МЖСПП: Секторската оперативна програма ИПА 3 директно насочена кон изградба на инфраструктура за управување со води и отпад

МинистерстваМЖСПП: Секторската оперативна програма ИПА 3 директно насочена кон изградба на инфраструктура...

Најчитано

“Секторска оперативна програма за животна средина за ИПА 3 за 2024 – 2027 се засновува на националните секторски политики во областа на управувањето со водите и отпадот, како и на стратешките документи на ЕУ за Западен Балкан. Со неа предвидуваме изведба на инфраструктурни проекти за управување со водите и отпадот кои директно се наменети и ја поддржуваат работата на локалната самоуправа”- најави министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во поздравното обраќање на настанот за презентација на Програмата и консултација на сите  засегнати чинители  во однос на истата.

Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Секретаријатот за европски прашања, поддржани од проектот “Поддршка во реформските политики, пристапувањето и ефективноста ” (СУПРАЕ) финансиран од ЕУ и Делегацијата на ЕУ во Скопје, направија сеопфатна анализа на потребите и на проектите што би биле предложени за финансирање во рамките на ИПА 3. Главните критериуми за избор беа зрелоста на проектите и нивен директен придонес кон исполнување на барањата од Евроинтегративниот процес за Поглавјето 27 за животна средина и климатски промени.

Раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин, во обраќањето ја истакна важноста на комуникацијата на секторската работна група за животна средина и климатска акција со сите засегнати чинители во однос на новата Секторска оперативна програма бидејќи претстојните задачи бараат соработка и заедничка реализација. Според него, трасираниот пат на Северна Македонија кон ЕУ бара стратешко планирање, мониторирање и фокусирање на приоритетите во животната средина.Sektorska programa_IPA_1За разлика од ИПА 2, каде  повеќе внимание е посветено на подобрување на техничките капацитети, во ИПА 3 фокусот се става на инвестиции во животната средина.

Во оваа Секторска оперативна програма за животна средина за ИПА 3 за 2024 – 2027, предвиден е проект за проширување и рехабилитација на канализационата мрежа во Велес и изградба на пречистителна станица за приближно 53.000 еквивалент жители во износ од 37 милиона евра.Sektorska programa_IPA_2Вториот значаен проект е комплетирање на регионалниот систем за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион. Преку ИПА 2  се спроведува првата фаза каде веќе е набавена опрема – возила – за собирање на отпад за јавните комунални претпријатија и е започнато затворање на дивите депонии во Југоисточниот регион. Воедно, наскоро ќе започне и тендерот за изградба на депонијата и трансфер станиците. Со Секторската оперативна програма ќе се набави потребната опрема за депонијата, ќе се затворат преостанатите непрописни депонии и ќе се обезбеди опрема за сите општини за селектирање на отпад во овие два региона. Инвестицијата е во вредност од 36,5 милиони евра.

Третиот проект се однесува на техничка поддршка за спроведување на оперативната програм. Во овие проекти кофинансирањето на ЕУ е во износ од 70 милиони ЕВРА.
Како резервни проекти се предвидени изработка на документација, како и спроведување на инфраструктурен проект за проширување на канализацијата и изградба на пречистителна станица за Кавадарци, како и надградба на системот за одведување и прочистување на отпадните води во Тетово, за што покрај домашното кофинансирање, ќе биде разгледана можноста за кофинансирање на проектите од други донатори или заеми.

Спроведувањето на Секторската оперативна програма е одговорност на МЖСПП, СЕП но и на општините во кои се реализираат проектите. Воедно, еднакво одговорни се и Секторот за централно финансирање и склучување на договори и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Според министерката Шукова, клучно за успешна реализација е  соработка и заедничкото дејствување насочено кон исполнување на целите на програмата. Од друга страна инвестирањето во животната средина во нашата држава е клучно за преговорите со ЕУ и без достаточно и ефикасно финансирање во секторот животна средина нема да може да ги исполниме барањата од ЕУ законодавството што ќе влијае на временската рамка за пристапување на нашата држава во ЕУ.

На презентацијата беа присутни претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници на дипломатската и донаторската заедница во Северна Македонија, меѓународни финансиски институции и организации, претставници на локалната самоуправа и нивни асоцијации и невладиниот сектор.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе