spot_img
spot_img

МТСП: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани

МинистерстваМТСП: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска започна билатералниот скрининг состанок за поглавје 3.19  Вработување и социјална политика оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Европската унија, Зулфи Исмаили.

 

На средбата се разговараше за поглавјето 19 и за тоа дека европската интеграција е најдобрата формула за понатамошниот развој на Северна Македонија. Соговорниците разговараа и за напорите кои државата изминатите години ги прави со цел усогласување на домашното со европското законодавство.

„Нашите политики и иницијативи се фокусираат на креирање повеќе работни места и отворање можности. Тие промовираат солидарност меѓу генерациите и се засноваат на социјален дијалог со социјалните партнери, во насока на заштита на правата на работниците, зголемување на конкурентноста на економијата, вклучително и социјалната економија“, истакна Тренчевска.

Соговорниците изразија уверување дека преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе