spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Законите важат за сите, градоначалниците на општините Велес и Гази Баба...

МТСП: Законите важат за сите, градоначалниците на општините Велес и Гази Баба имаат должност да ги почитуваат

Министерството за труд и социјална политика ги демантира медиумски излагања на градоначалниците на општините Гази Баба и Велес за наводни политички игри и поддршка на незаконито работење на градинките во овие општини.

Министерството за труд и социјална политика има надлежност да врши надзор на работата на градоначалниците и Советите на општините во областа на детската заштита.

 

Интенцијата на министерството е владеење на правото и законите со посебен акцент што се работи за предучилишни установи и нема да дозволи нивно политизирање и отстапување од законските  одредби при донесување одлуки од страна на општините.

Во случајот на Општина Велес изјавата на градоначалникот ја сметаме за несериозна и целосно непознавање на законот и областа за која тие се непосредно надлежни, како основачи на предучилишните установи. Даденото укажување и даденото решение за одземање на овластувањата на Советот на општината е согласно Законот за заштита на децата, затоа што со претходното добиеното укажување на општината и беше даден разумен рок за постапување која таа не го испочитува.

Медиумското излагање на градоначалникот на Општина Гази Баба е неиздржано и очигледно политички иницирано, затоа што министерството до денот на давањето на неговата изјава нема доставено никаков пишан документ ниту до општината ниту до ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба.

Оттука, констатираме дека и двете изјави се чиста политичка пропаганда насочени кон Министерството за труд и социјална политика и предучилишните установи.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте