spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Зона на смирен сообраќај и нови инфраструктурни проекти во Горно Лисиче

Аеродром: Зона на смирен сообраќај и нови инфраструктурни проекти во Горно Лисиче

На барање на граѓаните од Горно Лисиче, Општина Аеродром започна активности со кои трајно се решава едно важно сообраќајно прашање, а со кое пред сè ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот на граѓаните во овој дел од општината.

Пред основното училиште „Гоце Делчев“ од денеска активно се работи на поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, легнати полицајци, а се воспоставува и т.н. зона на мирен сообраќај каде брзината на движење се ограничува на 30 км/час. Дополнително, околу училиштето се поставува и заштитна ограда со што дополнително се решава проблемот за безбедноста на дечињата.

Подигнување на безбедноста во сообраќајот, значи и грижа за дечињата и придонес за побезбедна и посигурна општина, а инвестициите во сообраќајни и инфраструктурни решенија се одговор на сериозни локални предизвици со кои подолг временски период се соочуваат жителите на Аеродром.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...