spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка од САД во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес на...

Поддршка од САД во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Средбата е дел од редовниот дијалог со американската Амбасадорка по однос на заеднички теми од дневен ред во односите меѓу двете земји и доаѓа по посетата на премиерот Ковачевски на Соединетите Американски Држави, минатата недела.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за недвосмислената поддршка за нашата земја добиена од американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата која се одржа на 9 Мај во Вашингтон, а посебно во пресрет на следните чекори во евро-интегративниот процес на земјата.

Заемно беше нагласена заложбата за севкупен развој на пријателските, билатерални и економски односи меѓу Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, но и како две земји кои споделуваат заеднички вредности.

Амбасадорката Агелер ја пренесе цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Северна Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...