spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Издавање на Уверение за државјанство во електронска форма

МИОА: Издавање на Уверение за државјанство во електронска форма

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја промовираа услугата  за граѓаните во однос на издавање на Уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма.

Како што беше истакнато, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат Уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.

,,Иднината на јавните услуги е целосната дигитализација на услугите кон граѓаните. На овој начин се намалува корупцијата и чекањето ред пред шалтерите за издавањето на документи. До крајот на годината ќе имаме 150 нови е-услуги на Националиот Портал www.uslugi.gov.mk каде што на граѓаните им се овозможува да аплицираат онлине и без доцнење“, истакна министерот Алиу.

Министерот Спасовски од своја страна истакна дека и Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со дигиталната трансформација на процесите и услугите во наредниот период,  со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија