spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Известување за почеток на процесот за подготовка на шестиот национален Акциски...

МИОА: Известување за почеток на процесот за подготовка на шестиот национален Акциски план за Партнерството за отворена власт 2024-2026 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

Ве известуваме дека започнува процесот на подготовка на шестиот национален Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 (НАП 6).
Со цел навремено вклучување и предвидливост на процесот на ко-креација, Советот за Партнерство за отворена власт на петтата седница одржана на 17.05.2023 година усвои Временска рамка на активности за подготовка на НАП 6 2024-2026.  Временската рамка може да ја најдете тука.

Во временската рамка се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Партнерството за отворена власт. Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, предвиден е начинот на вклучувањето на засегнатите страни, едукација, работни сесии за ко-креирање на заложби, консултации и утврдување на планот. Ваквиот систематизиран начин на планирање и спроведување на процесот на консултација  ќе осигура навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-реирање на новиот акциски план за Партнерство за отворена власт.
Благодариме за соработката,

Министерство за информатичко општество и администрација.
* * *
Партнерството за отворена власт е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на владите кон нивните граѓани, за да промовираат транспарентност, да го поттикнат граѓанското учество, борбата против корупцијата и искористувањето на новите технологии со цел да се зајакне доброто владеење/управување.
Нашата земја е членка на иницијативата од 2011 година и има усвоени пет национални акциски планови (во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2021 година). Координатор на владините активности за Партнерството за отворена власт е Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...