Владата на Република Северна Македонија на седница го усвои новиот Национален план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025
Националниот план за управување со квалитет е документ кој е подготвен во еден отворен, консултативен и транспарентен процес. Во подготовка на документот учествуваа сите засегнати страни од оваа област. Свој придонес дадоа претставници на државни институции кои покажале добри резултати во оваа област, претставници од локална власт и невладини организации кои ги застапуваат лицата со посебни потреби како и домашни и страни експерти специјализирани за областа на управување со квалитет.
Како дел од Националниот план, со анализи на тековната состојба на управување со квалитет на национално ниво, сугестии и предлози на засегнатите страни, е подготвен и Акцискиот план кој ги содржи активностите кои треба да се имплементираат во нареден тригодишен период во областа на управување си квалитет. Целта ни е да се приклучиме кон современите трендови во оваа област, кои налагаат квалитетна јавна служба и ефективен и транспарентен јавен сервис. Активностите во Национален план за управување со квалитет се поделени ви седум области, во кои се опфатени сите аспекти на управување со квалитет, од поддршка на раководството со цел да и се даде поголема видливост и значење на ова област актуелна во сите држави во Европа и пошироко, преку стандардизација на процесите, јакнење на капацитетите, мерење на задоволството, евалуација на сработеното, до вклучување на актуелните процеси за дигитализација, агилност и иновација во јавната служба.
Со реализирање на активностите од Национален план за управување со квалитет чии активности се дел и од новата Стратегија за реформа на јавна администрација тежнееме, преку моделите за управување со квалитет и почитување на постоечката законска регулатива од оваа област да го подобриме работењето на институции со што ќе ја подобриме и испораката на услугите кон граѓаните заради кои и постои јавниот сервис.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација