spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Усвоени заедничките заклучоци во рамки на редовниот годишен Економски и финансиски...

МФ: Усвоени заедничките заклучоци во рамки на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог со ЕУ во Брисел – Реформите и јавните инвестиции клучни за поттикнување одржлив раст

Спроведувањето на утврдените структурни реформи од страна на Владата, поддржани од ЕУ, преку ИПА фондовите и Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан се основа за одржување на економската отпорност и поттикнување инклузивен раст. Значајна улога во тоа ќе одиграат забрзувањето на зелената и дигиталната транзиција, спроведувањето на реформите во образованието, подобрувањето на конкурентноста на домашните компании, намалувањето на неформалната економија, како и отворањето нови работни места.  Ова се дел од препораките од заедничките заклучоци од Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција што се одржа денеска во Брисел, а на кој учествуваше министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Се соочуваме со нова реалност диктирана од неколку последователни кризи кои бараат имплементација на соодветни и ефикасни политики, од кои повеќето бараат брза реакција, а истовремено заштита на  јавните финансии. Во такви услови, кога имаме забавување на економскиот раст, главниот фокус на владините политики, покрај справувањето со високата инфлација, е насочен кон поддршка на инвестициите потребни за одржување позитивна стапка на раст на краток рок и забрзување на растот на среден рок, како и кон спроведување на структурните реформи“, рече министерот Фатмир Бесими.

Тој потенцира дека со цел да се заштитат јавните финансии и да се остави поголем фискален простор за капитални инвестиции,  се работи на фискална консолидација и мерки за зголемување на приходите преку концептот на даночна реформа, намалување на неформалната економија и слично.

Спроведувањето на препораките ќе даде свој придонес во градење економија поотпорна на шокови и во забрзувањето на растот на среден рок, кој се очекува да постигне просечна стапка на раст од 4% во периодот 2024-2028 година. Важно е земјата да продолжи со фискалната консолидација. Во 2022 година буџетскиот дефицит беше помал од планираниот и покрај големата енергетска поддршка, а во 2025 година е проектиран на 2,9% од БДП. Дополнителен напредок се очекува во наредниот период и тоа преку спроведување на најавената даночна реформа и поставените фискални правила од новиот Закон за буџети. Инфлацијата , којашто е резултат на глобалните фактори, се намалува. Монетарната политика е соодветно затегната и треба да се продолжи со будно следење на состојбата и да се зачува стабилноста на цените. Насоките  се да се продолжи со реформите во образованието и активните политики за подобрување на вклученоста на пазарот на трудот.

Ризиците сè уште се поврзани со неизвесноста  од војната во Украина, цените на енергијата и храната, како и со условите на глобалниот финансиски пазар. Во таа насока, поддршката за ранливите категории граѓани и фирми треба да продолжи доколку е потребно и таа треба да биде насочена. За поддршка на реформите и справување со предизвиците ЕУ предложи 100 милиони евра макрофинансиска помош за покривање на потребите за финансирање на земјата.

На годишниот Економски и финансиски дијалог во Брисел присуствуваа претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, Европската комисија и Европската централна банка, како и претставници на централните банки на Западен Балкан и Турција.

Учесниците се согласија дека Дијалогот треба да продолжи да игра централна улога во утврдувањето заеднички насоки за политика за поддршка на одржливо среднорочно економско закрепнување и да помогне во исполнувањето на економските критериуми за пристапување во ЕУ. Тие ја изразија својата посветеност во Дијалогот и ги охрабрија земјите од Западен Балкан и Турција да ги спроведат заеднички утврдените политики и реформи.

https://data.consilium.europa.eu/doc/document/ST-9478-2023-INIT/en/PDF.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија