spot_img
spot_img

МФ: Бесими во работна посета на Брисел на завршниот состанок од Економскиот и финансиски дијалог со ЕУ

МинистерстваМФ: Бесими во работна посета на Брисел на завршниот состанок од Економскиот...

Најчитано

Министерот за финансии Фатмир Бесими  започнува дводневна работна посета на Брисел каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.
Министерот Бесими, во рамки на Дијалогот, ќе ги претстави спроведените реформи и политиките што се преземаат. Притоа ќе бидат усвоени заеднички заклучоци кои ќе бидат насока за политиките во  наредниот период и составен дел на документите што се носат од страна на Владата, а воедно и ќе се земат предвид при подготовката на наредната Програма на економски реформи за периодот 2024-2026 година.
Програмата на економски реформи е најважен документ во овој дијалог со ЕК. Таа претставува среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика и е детален приказ на структурните реформи за раст на конкурентноста на економијата и креирањето работни места.
На годишниот Економски и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, Европската комисија и Европската централна банка, како и претставници на централните банки на Западен Балкан и Турција. Во рамки на дијалогот во Брисел ќе се дискутира за фискалната политика, макроекономската стабилност, поттикнувањето на економскиот раст, создавањето нови работни места, структурните реформи за опоравување од кризата и јакнење на отпорноста на економиите, како и за социјалната политика.
Во рамки на посетата во Брисел, министерот за финансии ќе се обрати пред Центарот за европски политики на тема „Војната и импликациите врз Балканот:  Перспективите на Северна Македонија“.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе