МФ: Бесими – Граѓанските обврзници нов финансиски инструмент за инвестиции во развојот на државата, придобивки за граѓаните и економијата

МинистерстваМФ: Бесими - Граѓанските обврзници нов финансиски инструмент за инвестиции во развојот...

Најчитано

Во текот на наредниот месец државата ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготовки за издавање на овој финансиски инструмент на кој се работи веќе две години. Граѓанската обврзница ќе биде двегодишна, на минимален износ од 10.000 денари, а каматната стапка ќе биде дефинирана дополнително. Ова го соопшти министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите.

„Целта на издавањето граѓанска обврзница не е ликвидност на Буџетот. Издавањето на оваа обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница е предвидено уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото годинашно задолжување на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека веќе две години се подготвува издавањето на граѓанската обврзница, а дека сега се исполнети предусловите за нејзиното издавање. Придобивки од нејзиното издавање ќе имаат и државата и граѓаните и економијата.

„Од издавањето на граѓанската обврзница придобивки ќе имаат и граѓаните и државата и економијата. Граѓаните ќе имаат можност да ги инвестираат своите пари и да ја заштитат нивната вредност. На тој начин државата ќе обезбеди финансирање по пониски стапки од оние на меѓународните пазари, а средствата ќе бидат искористени за развојни проекти, што ќе има позитивно влијание и врз економијата“, потенцира министерот.

Идејата, додаде Бесими, е граѓаните да станат свесни за значењето на инвестирањето. Парите што не се инвестираат, во услови на инфлација ја губат вредноста.

 

Оваа година се очекува да се емитуваат граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра, а каматната стапка  ќе биде повисока од онаа на депозитите во банките, но пониска од онаа со којашто се задолжува државата на финансиските пазари.

Министерот Бесими не очекува дека ќе има негативно влијание врз депозитите што се чуваат во банките. Граѓаните, како што рече, ќе имаат поголема корист ако ја инвестираат готовината во државни обврзници, а притоа депозитите да ги остават во банките.

„Со ова нудиме дополнителен финансиски инструмент, којшто е дел од Стратегијата за развој на пазарот на капитал. Покрај граѓанската предвидени се и развојни, зелени и проектни обврзници. Сите се насочени кон обезбедување инвестиции за развојни проекти и повисоки стапки на економски раст“, рече тој.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе