spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Пуштен во функција реновираниот ACARE Центар за хередитарен ангиоедем

МФ: Пуштен во функција реновираниот ACARE Центар за хередитарен ангиоедем

На Универзитетска клиника за дерматологија е пуштен во функција реновираниот ACARE Центар за хередитарен ангиоедем (ХАЕ), кој се наоѓа на мапата за светските референтни центри за дијагностика и лекување ХАЕ и е под раководство на проф. д-р Весна Гривчева-Пановска. Центарот овозможува современа дијагностика и лекување на пациентите со реткото заболување хередитарен ангиоедем во нашата земја, како и консултации и едукација на пациентите и нивните семејства.

Отворањето на овој центар се поклопува со одбележување на Меѓународниот ден на хередитарен ангиоедем, а на настанот присуствуваа заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, вработени на Клиниката за дерматологија и другите клиники, како и претставници на пациентите со ХАЕ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...