spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Меџити оствари средба со извршниот директор за РСМ во Светска...

МЗ: Министерот Меџити оствари средба со извршниот директор за РСМ во Светска Банка

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, оствари средба со Кун Давидсе, извршен директор за Северна Македонија во бордот на извршни директори на групацијата Светска банка во Вашингтон.

Се разговараше за состојбите во здравствениот сектор и начините за нивно унапредување. На состанокот, министерот Меџити ги истакна предизвиците со кои се соочува и воедно ја потврди заложбата за соработка со групацијата Светска банка во Вашингтон за нивно справување. Светска банка ја поддржа земјата за време на КОВИД-19 пандемијата и продолжува да се заложува за унапредување на човечкиот капитал во Северна Македонија.

Се разговараше и за важноста на стратегијата за унапредување на човечкиот капитал, што Владата на РСМ ја изработи во соработка со Светска банка, како и за имплементација на неопходните реформи.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...