HomeСамостојни органиАМС: Европски кајак спуст на Матка

АМС: Европски кајак спуст на Матка

spot_img
spot_img

Директорот на Агенција за млади и спорт го најави отворањето на овогодинешното Европско првенство за сениори во кајак спуст на диви води на Матка .

Над 200 кајакари од 18 земји , ќе учествуваатна натпреварите  закажани од среда 17ти мај па се до сабота 20мај.

–Агенцијата за млади и спорт со задоволство учествува како партнер на Кајак Федерацијата во организација на ова Европско, кое  за нас како институција и пред се држава е од големо значење. Кајак федерацијата е активно посветена и присутна  во сите случувања на европско и светско ниво, истакна диреторот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Претседателот на кајак федерација Дрилон Леши го изрази своето задоволство од пријавената бројка на натпреварувачи кои доаѓаат од различни држави.

На пресот организиран во АМС со свое видување се обрати и г-ѓа Мануела Гвен, претседател на комитет за спуст при Европската кајак федерација.

Среда и четврток првите два дена од првенството се трка во спуст класик , а последните два дена се трките во спуст спринт.

Од првите два дена натпреварите ќе можат да се следат на live stream на you tube каналот на Европската кајак асоцијација, а финалињата во сабота ќе бидат пренесувани во директен пренос на МРТ.

-Очекуваме влез во финалните трки за македонските кајакари Александар Златанов и Кристијан Лазаров. По 2017 година, ова е второ ЕП на кое сме домаќини и се надеваме дека следно ќе имаме можност да добиеме организација за светско првенство, истакна Леши.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија