HomeМинистерстваМОН: Ново основно училиште во с.Чифлик во Сопиште

МОН: Ново основно училиште во с.Чифлик во Сопиште

spot_img
spot_img

Владата на седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик, општина Сопиште. Училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во с.Ракотинци. Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с. Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес.

Во новото основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик ќе се реализира воспитно – образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка.

Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија