spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција, со грантови добиени од МОН

МОН: Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција, со грантови добиени од МОН

Учениците од ООУ „Блаже Конески“-Велес и ООУ „Рајко Жинзифов“-Велес, Горно Оризари ја спроведоа активноста „Се дружиме, твориме, создаваме и заеднички рака си подаваме”

Учениците од прво одделение од ООУ„Блаже Конески“ и ООУ„Рајко Жинзифов“ од Велес заедно со наставниците од овие две училишта ја спроведоа активноста ,,Се дружиме, твориме, создаваме и заеднички рака си подаваме”  со грантова поддршка од Министерството за образование и наука за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието. За учениците не беше никаква пречка што зборуваат на различен јазик (македонски и босански) за да се дружат и учат заедно, користејќи ги двата наставни јазика.

Учениците по пат на ждрепка се поделија во повеќе групи и секоја група работеше во посебно катче. Групите беа балансирани (по пол и по припадност на јазична заедница). Со катчињата беа опфатени сите предмети кои се изучуваат во прво одделение (ликовно, музичко, математичко, литературно, општествено, природно-научно катче и катче за физика култура). Секоја активност беше завршена со изработка на конкретен продукт. Активностите овозможуваа соработка и интеракција меѓу учениците, истите беа креативни,  иновативни и одржливи, односно предизвикува задоволство кај учениците  и постои можност за повторливост, со што во целост беа исполнети стандардите за интеркултурализам.

Основната цел на грантовите кои секој година ги доделува МОН е спроведување на активности преку кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите промовирање на мултиетничките, мултикултурните и интеркултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент. На тој начин учениците кои говорат и учат на различни наставни јазици, меѓусебно се поврзуваат преку бројни наставни и воннаставни активности. Заедно учат, се дружат и создаваат пријателства.

 

 

Извор:Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...