HomeМинистерстваМОН: Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим

МОН: Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тим

spot_img
spot_img

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

 

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за  формирање на авторски тим за  изработка на ракопис за учебник  за IV одделение  во деветгодишно основно образование

Авторскиот тим ќе се формира  за следниот наставен предмет:

 

1. Македонски јазик за учениците од другите заедници за IV одделение во деветгодишно основно образование

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 07.06.2023 година. (пријавата може да се преземе од веб – страната на МОН – www.mon.gov.mk).

 

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

– доказ дека имаат работно искуство во настава

 

Напомена: во составот на авторскиот тим може да се избере и автор кој не ги исполнува условите во однос на работното искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование по соодветниот наставен предмет за кој е наменет учебникот, односно работно искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование соодветно според наставната програма за предметот за кој е наменет учебникот

 

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договор само доколку ракописот за учебник на авторскиот тим се одобри за употреба со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија