HomeМинистерстваМОН: Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на...

МОН: Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од просториите на поранешната касарна „Илинден“

spot_img
spot_img

Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус. На последната владина седница просториите кои беа предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминаа во нејзина сопственост.

 

Во дел од отстапените објекти веќе се реализираат градежни инвестиции за адаптација и опремување за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите, за што средства се обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука.

 

„Очекувам градежните активности да завршат час поскоро, бидејќи за волја на вистината недостигот на простор и услови, претставува голема препрека во работењето, а со надминувањето ќе се подигне мотивацијата за работа кај наставно – научниот кадар, но и за учење кај студентите“, рече Шаќири пред неколку месеци кога го означи почетокот на градежните работи.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија