spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со УНИЦЕФ работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во...

МОН: Со УНИЦЕФ работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во училиштата

Продолжуваат работилниците за стручни соработници од сите основни и средни училишта во државата. Министерството за образование и наука, со поддршка на UNICEF MK досега организираа шест работилници во Охрид, Битола, Тетово, Куманово и две во Скопје, преку кои успавме да вклучиме и да разговараме со 411 стручни соработници.

Целта на работилниците е да се изгради заеднички одговор на последните случувања и да се поттикне отворен разговор и клима на поддршка во училиштата. Во кризни ситуации кои влијаат врз добросостојбата и менталното здравје на учениците од исклучителна важност е училиштето да остане безбедно место во кое тие ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции, и да ја зајакнат психолошката отпорност.

За денес предвидени се работилници со стручните соработници од училиштата во Велес и Струмица.

 

Поддршката од институциите, но и поддршката помеѓу стручните соработници е клучна и министерот за образование и наука Јетон Шаќири повторно повикува да се овозможи непречена секојдневна работа за стручните соработници и ослободување од административни обврски во училиштето.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...