spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Еднакви права и еднакви можности уште од најрана возраст

МТСП: Тренчевска – Еднакви права и еднакви можности уште од најрана возраст

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст. Здружението постои уште од 2007 година и ги застапува правата на сите деца во Република Северна Македонија кои имаат нарушувања на растот, кои примаат хронична хормонска терапија за раст, како и останати ендокринолошки заболувања.

 

Претставниците на здружението за време на нивната посета ја информираа министерката за нивната работа. Тие истакнаа дека се едно од најактивните здруженија на територијата на целата држава и дека нивната основна девиза е навремено делување во сите сфери кои ги засегаат децата за кои се залагаат.

Тие посочија и на нивната агенда за оваа година и ја најавија нивната кампања за подигнување на свеста за растот која треба да ги опфати сите детски градинки во државава.

Министерката за време на средбата ја изрази својата заинтересираност за соработка и посочи дека за вклучување во нивната иницијатива и поддржување на унапредувањето на квалитетот на живот на лицата со попреченост, Министерството за труд и социјална политика секогаш стои на располагање.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...