HomeМинистерстваМНР: Заменик-министерката Исаки на форумот на ЕУСАИР во Сараево

МНР: Заменик-министерката Исаки на форумот на ЕУСАИР во Сараево

Во рамките на босанското претседателство со Јадранско-Јонската иницијатива, беше одржан 8-от форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-Јонската иницијатива (ЕУСАИР) на кој учествуваше заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки.

 

Форумот претставува рефлексија на активностите на Стратегијата и нивната имплементација на макро-регионално ниво. Главната цел е да промовира економски и социјален просперитет и раст во регионот преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со четири земји членки на ЕУ и четири земји кандидати за членство во ЕУ, стратегијата придонесува за понатамошна интеграција на Западен Балкан. Соочувајќи се со заеднички предизвици, земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите територии во Јадранско-јонскиот регион во четирите тематски области/столбови кои ја сочинуваат Стратегијата.

Во своето излагање за време на министерскиот состанок одржан во рамките на форумот, ЗМНР Исаки истакна дека од своето приклучување кон Стратегијата и Иницијативата во 2020 година, целта на Северна Македонија е да придонесе за зајакнување на политичката димензија на Стратегијата, зајакнување на регионалната соработка и проширување на политичкиот дијалог на повеќе нивоа, со цел создавање на поинтегриран и одржлив Јадранско-јонски макрорегион, но истовремено да се поттикне и забрза пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

За време на министерскиот состанок беше прифатена и заедничката Декларација.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...