spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Во Белчишко блато се одбележа денот на Натура 2000

МЖСПП: Во Белчишко блато се одбележа денот на Натура 2000

Во Белчишко блато се одбележа денот на Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени области во светот, која покрива една петина од територијата на Европа и Светскиот Ден на биолошката разновидност кој има за цел да го зголеми разбирањето и свеста за важноста на биолошката разновидност за опстанокот на планетата.Den_NATURA2000_Studencisko_Blato

Белчишко Блато е идентификувано како потенцијално Натура 2000 подрачје. Тоа е мочуриште кое се наоѓа во општина Дебрца во подножјето на Илинска планина, на надморска височина од околу 760 m. Ова добро зачувано мочуриште, со поплавени шуми и влажни пасишта, е едно од најважните во земјава.Специфично е поради различните типови на мочуришни живеалишта, особено поплавената евелова шума. Во него живеат многу видови кои е неопходно да се заштитат. Па така на пример, тука живеат 85 видови птици (или 27% од вкупниот број видови во земјава), 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи (или 37% од вкупниот број во земјата), меѓу кои и видрата.Den_NATURA2000_Studencisko_Blato_1

Белчишко Блато е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од 10 видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“, вистински бисер на природата. Националната стратегија за заштита на природата 2017-2027 година препорачува мочуриштето да се прогласи за заштитено подрачје и во моментот тој закон е во фаза на усвојување. Понатаму, Белчишко Блато е дел од Националната мрежа Емералд на Република Северна Македонија, но со номинацијата на локација Натура 2000 подрачје ќе стане дел и од Европската кохерентна мрежа со што ќе добие меѓународно значење.

Настанот го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, која во своето обраќање се заблагодари за подршката што нашата држава ја добива од страна на ЕУ во заштитата на природата и додаде дека разбирањето на важноста на природните екосистеми и биолошката разновидност е клучно за градење на здрава држава и одржлив развој.

„Заради исклучителните и уникатни природни вредности Владата на Република Северна Македонија на предлог на МЖСПП донесе одлука за прогласување на Белишко Блато за заштитено подрачје во категорија Парк на природа, со што и на национално ниво обезбедуваме одржливо управување и заштита на овој уникатен природен систем“, истакна Шукова.

Во поздравното обраќње шефот на Делегацијата на Европската Унија Н.Е. Дејвид Гир изјави: „Натура 2000 е најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот. Таа има за цел да обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени европски видови и живеалишта, истовремено обезбедувајќи безбедно засолниште за безброј други животни, растенија и диви животни.

Den_NATURA2000_Studencisko_Blato_2Северна Македонија има прекрасно богат и разновиден биодиверзитет кој мора да се чува за генерациите што доаѓаат. Белчишко Блати е синиот скапоцен камен во круната. ЕУ ја поддржува заштитата на оваа прекрасна локација и бара да се осигура дека ќе стане дел од идната мрежа Натура 2000 во земјата“.

Ображања имаа и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачевски и претставникот на на граѓанското здружение Екотуризам, Ѓоко Зороски.Den_NATURA2000_Studencisko_Blato_3

На настанот, присутните меѓу кои и учениците на средното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид се запознаа со природните вредности на ова уникатно природно живеалиште и дознаа повеќе за видовите кои живеат во него од експертите кои беа присутни.Den_NATURA2000_Studencisko_Blato_4

Настанот е во организација на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“. Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање, а го спроведува НИРАС со партнерите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...