spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова - Со намалување на непотребното создавање на отпад и неговата...

МЖСПП: Шукова – Со намалување на непотребното создавање на отпад и неговата реупотреба ќе ја зајакнеме националната економија, заштитувајќи ја животната средина

Воспоставувањето на циркуларната економија, почнувајќи од промената на менталната перцепција на економскиот напредок и воспоставувањето на целиот нов пристап кон производството, репороматеријалите, иновативните технолошки процеси и управувањето со отпадот што го создававме, го сметам за еден од најголемите приоритети во животната средина, истакна министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, во своето излагање на регионалната конференцијата на ЦИВИЛ: „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.Press_Sukova_1

Таа зборуваше вопрвата сесија насловена „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кој даде поголем акцент на зелената транзиција во целина.

Министерката Шукова нагласи дека ефикасното намалување на отпадот што го создаваме е возможно исклучиво со градење на силни партнерства со сите засегнати страни, почнувајќи од националните и локалните власти, колективните постапувачи со отпад, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и, секако, самите граѓани.

– Ние како Влада го препознаваме непотребното создавање на отпад, како и финансиските, еколошките и социјалните трошоци на создавањето на непотребен отпад и потребата за соодветно управување со нашите лимитирани ресурси. Од тука фокус ставаме на превенцијата – спречување на создавањето на отпад. Но, еден од најважните моменти е воспоставување на системот на селектирање, реупотреба и рециклирање на отпадот, додека она што ќе заврши на депоните ќе биде само мал дел што нема да има употребна вредност. Само така можеме да ја зајакнеме националната економија, истовремено заштитувајќи ја животната средина во локални, национални, регионални и глобални рамки – рече Шукова.

Според неа, најголем предизвик, на национално и на локално ниво кој ќе го одбележи периодот што е пред нас, е реализација на заемот што државата го доби од Европската банка за обнова и развој за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад во сите плански региони во државата.

– Заемот е наменет за изградба на основната инфраструктура, односно регионалните депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила, со што ќе се пристапи кон конкретна изградба на неопходната современа инфраструктура и конечното воспоставување на системот за регионално интегрирано управување со отпад како единствена исплатлива опција на национално и локално ниво – додаде Шукова.

Конференцијата беше хибридна, со физичко присуство и онлајн вклучување и поделена на четири получасовни сесии, во кои учествуваа претставници од бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество од нашата дртжава и Западен Балкан.Press_Sukova_3

Настанот е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...