spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Недела на одржлив развој Косово: „Поврзувањето на земјите од Западен Балкан...

МЖСПП: Недела на одржлив развој Косово: „Поврзувањето на земјите од Западен Балкан за транзиција кон одржлив и отпорен раст“

Шукова: Меѓународната и регионалната соработка клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени  

Како дел од министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласи дека меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени и дека во оваа проблематика морада применуваме  интегриран пристап.

 

„Размена на позитивните искуства меѓу земјите од регионот ќе ни помогнат во надминување на предизвиците во животната средина бидејќи воздухот, водата, климата не препознаваат граници “- потенцираше Шукова.

Таа рече и дека со потпишување на  декларацијата од Софија за зелената агенда, земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Р.С. Македонија, се обврзаа заеднички да работат  на финализирање на процесот на ратификација на Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот, како и на развивање и имплементација на стратегии за квалитет на воздухот и на воспоставување на соодветен систем за следење на квалитетот на воздухот.

2„Земјите од Западен Балкан мора заеднички да работат кон постигнување на целта за 2050 година за јаглеродно неутрален континент заедно со ЕУ преку креирање и спроведување на амбициозни климатски политика и реформирање на енергетските и транспортните сектори како клучни извори на загадувањето на воздухот и на стакленички гасови, чие што влијание се чувствува и на локално и на национално и на регионално и глобално ниво“- изјави Шукова.

Заеднички беше ставот дека е потребна размена на позитивните искуства и практики меѓу земјите во регионот во правец на побрзо и поефикасно исполнување на поставените климатски цели и целите во животната средина генерално.

3Во оваа сесија како дел од актвностите од првиот дел на Неделата на одржлив развој посветен на „Поврзувањето на земјите од Западен Балкан за транзиција кон одржлив и отпорен раст“, покрај Шукова учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање на Косово Либурн Алиу, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро и директорката на директоратот за климатски активности во Министерството за економија и одржлив развој на Храватска Дуња Дрвар.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Градот Скопје со новите специјално адаптирани моторни возила, овозможува полесно движење на децата и лицата со потешка телесна инвалидност. Новите возила се посебно адаптирани...