spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и...

МП: Министерот Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.
Со измените , жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите .
Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“.
Со измените на Правилникот повеќе нема да има  дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол.

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте