HomeМинистерстваМЗШВ: И покрај напорите со УХМР, мерката за авионско засејувања на...

МЗШВ: И покрај напорите со УХМР, мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година сепак нема да продолжи

spot_img
spot_img

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ги известува земјоделците и пошироката јавност во Република Северна Македонија, дека после четири години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.

Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.

Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија