HomeОпштиниЦентар: Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

Центар: Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

spot_img
spot_img

Градежните активности на улицата „Ленинова“ се одвиваат со интензивна динамика. Во моментов, се уредува горниот строј на улицата и тротоарите.

Веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја и се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите.

Со оваа реконструкција Центар им излегува во пресрет на граѓаните, кои со години бараа општината да го реконструира овој дел од улицата.

Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70% а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули.

По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Безбедна и квалитетна улица изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија