spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУчество на државната секретарка на панелот во рамки на 8-от Форум на...

Учество на државната секретарка на панелот во рамки на 8-от Форум на Стратегијата на ЕУ за Јаднранско-јонскиот регион – ЕУСАИР

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили учествуваше на панелот на високо ниво во рамки на 8-от Форум на Стратегијата на ЕУ за Јаднранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), што се одржува во Сараево.

 

На панелот исто така учествуваа Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, како и Министерот за надворешни работи и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, Министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и високи претставници на министерствата за надворешни работи на Грција и Италија.

Главната тема на панелот беше вредноста и придонесот на учеството во Стратегијата за земјите од регионот кои се во процесот на пристапување кон ЕУ и поттикот за натамошните рeформи преку макро-регионалната соработка со земјите-членки на ЕУ кои се дел од ЕУСАИР.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте