HomeОпштиниВаландово: Дигитализација на услугите за намалување на ризикот од катастрофи и заштита...

Валандово: Дигитализација на услугите за намалување на ризикот од катастрофи и заштита на животната средина во општините Валандово и Дојран

spot_img
spot_img

Проектот се реализираше во период од ноември 2022 до април 2023 година, каде што партнери беа Општина Валандово и Општина Дојран. Вкупната вредност на гранд средствата добиени од страна на УНДП изнесуваше 1.850.000 денари како дел од Проектот: „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

Целта на проектот е подобрување на испораката на локалните услуги, иновативност, дигитализација и воведување на нови услуги за намалување на ризикот од катастрофи и заштита на животната средина, заштита при управување со кризи, подигнување на меѓуопштинската соработка на повисоко ниво, логистичка поддршка на другите општини од Југоисточниот плански регион како и унапредување на родовата рамноправност и инклузивност на локално ниво.

 

ТППЕ Валандово и Доброволното противпожарно друштво од Дојран, добија нови униформи за секојдневна работа, како и униформи за гасење на пожари, беспилотно летало (дрон) со термална камера и грбни прскалки за шумски пожари.

шумски пожари.

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија