spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Склучен меморандум за соработка со третата група партнер-општини-УСАИД

Ѓорче Петров: Склучен меморандум за соработка со третата група партнер-општини-УСАИД

Општина Ѓорче Петров е избрана да биде дел од третата група партнер-општини на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

 

Проектот се спроведува од ДТ-Глобал, чија цел е преку партнерство со Владата и единиците на локалната самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална децентрализација.

За таа цел, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров присуствуваше на настанот „Партнерство за поефикасни општини“ каде се организираше потпишување Меморандум за соработка со третата група партнер-општини. Целта на овој Меморандум е да ги опише целите на УСАИД проектот и да ја дефинира взаемната соработка предвидена при спроведувањето на овие цели меѓу Општина Ѓорче Петров и ДТ Глобал.

Со тоа, јасно се дефинираа одговорностите за трошоците на централната и локалната власт и обезбедување соодветна основа за приходи за единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

Исто така, со меморандумот е опфатено и зголемување на приходите од сопствени извори на ЕЛС, подобрување на капацитетите на ЕЛС за планирање, извршување, известување, следење и анализа на буџетот, подобрување на пристапот на ЕЛС до потенцијалните извори на надворешно финансирање и реформа на меѓувладиниот фискален систем, како поддршка на фискалната одржливост на ЕЛС.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...