spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меѓуетничка соработка со ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Хасан Приштина“

Карпош: Меѓуетничка соработка со ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Хасан Приштина“

Денеска ООУ „Владо Тасевски“ од Општина Карпош беше домаќин на ООУ „Хасан Приштина“ од Чаир во рамките на проектот за „Мултиетничка Интеграција во обрзованието“(МИО).

Во оваа пригода основците од двете партнерски училишта организираа активности од областа на спортот, уметноста и музиката со чија реализација ја зацврстија на партнерската врска помеѓу себе. Исто така, беше спроведена и заедничка работилница од областа на техничкото образование каде основците од двете збратимени училишта ги прикажаа сите вештини и способности од овој тип на настава. Во овие активности на мултиетничко ниво, беа вклучени и ученици со посебни потреби кои допринесоа за поголем спектар на придобивки од МИО проектот.

Целта на оваа соработка и дружење е размена на искуства од воспитно образовниот процес како и дружење на децата и меѓусебно запознавање на обичаите. На истиот присуствуваа директорите на двете збратимени училишта, координаторите на СИТ тимовите како и членови и наставници од двете училишта.

Овие проекти се одобрени од Министерството за образование и наука и влијаат на пристапот и методиката на работните обврски кај учениците теорија, а со овој тип на проектни задачи активноста на учениците во стекнување од знаењата е поголема и заедно со заедничката работа во група и парови, што има позитивен аспект во формирањето и развојот на личноста.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...