spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Средба Н.Е. Бомгартнер-Стојкоски, прва официјална во општината

Ѓорче Петров: Средба Н.Е. Бомгартнер-Стојкоски, прва официјална во општината

Прва официјална посета на Општина Ѓорче Петров од страна на францускиот амбасадор Н.Е. Сирил Бомгартнер на која акцент беше ставен на изучување на францускиот јазик во основните училишта во нашата општина.

Во Ѓорче Петров францускиот јазик се учи во 5 училишта од 6 до 9-то одделение. Градоначалникот Александар Стојкоски ја искористи можноста на средбата уште еднаш да потенцира дека општината изразува голема почит кон францускиот јазик, народ и култура и оти ќе продолжи со заложбите за француски јазик во основните училишта.

-Тоа е еден вид почетен елемент за нашите деца да ја развијат и негуваат љубовта кон Република Франција. Она што е особено важно е дека се остави отворена можноста за зајакнување на економските односи, со евентуална можност на влез на француски компании  на македонскиот пазар со централно делување во Општина Ѓорче Петров, што би отворило нови економски перспективи за нашите граѓани и можности за нови вработувања – рече Стојкоски.

Со неговата екселенција, додаде, разговаравме и за можна билатерална соработка и во областа на културата и други сфери кои ќе значат продлабочување и негување на веќе воспоставените добри односи меѓу двете земји, со акцент на заеднички проекти во локалната самоуправа.

-Стана збор и за проект со невладина организација, поддржана од Француската агенција за развој кој ќе има за цел рециклирање на опрема која е од дотраен карактер со што заднички ќе влијаеме за покревање на свеста за важноста на здравата животна средина – информираше Стојкоски.

Амбасадорот Бомгартнер ја оцени како добра состојбата во основните училишта и средното „Кочо Рацин“ во однос на изучување на францускиот јазик и побара да се задржи понудата за учење на јазикот и понатаму, што е секако избор на родителите во основните училишта.

Општина Ѓорче Петров веќе има пракса во делот на меѓународна општинска соработка и негува доброседски односи со осум општини од Европа.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...