spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска - МЖСПП секогаш го практикува вклучувањето на локалните власти и...

МЖСПП: Оџаклиеска – МЖСПП секогаш го практикува вклучувањето на локалните власти и на гаѓаните за интегрирана климатска акција

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денес имаше свое обраќањена панел дискусијата посветена на „Енергетска трансформација преку локална климатска акција“во рамки на „Македонски Енергетски Форум“ што, во организација на Делегацијата на ЕУ во Р.С. Македонија и Владата на Р.С. Македонија, се одржа во Скопје.

 Оџаклиеска: МЖСПП секогаш го практикува вклучувањето на локалните власти и на гаѓаните за интегрирана климатска акција„Македонски Енергетски Форум“ MEF 2023 е врвен меѓународен настан фокусиран на енергетската отпорност и зелената транзиција на Западен Балкан, конципиран да понуди размена на идеи, споделување на најдобрите практики и иновативни решенија за енергетска транзиција. Форумот обезбеди платформа за креаторите на политиките, експертите и засегнатите страни да разговараат за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор и да споделат идеи за подобрување на енергетските политики и на начините за  финансирање на примената на најефикасна енергетска технологија за обезбедување на енергетска отпорност и зелена транзиција.

Заменик министерката Оџаклиеска потенцираше дека секоја одлука која ја правиме како централна и локална власт или пак како граѓани, може да има огромно влијание во справувањето со климатските промени.

– Енергетски ефикасните згради, ниско јаглеродниот јавен транспорт и поттикнувањето на возење велосипед и пешачење, се од суштинско значење за намалување на емисиите на CO2.  Зазеленувањето на градовите со паркови и градини го намалува CO2 и помага да се разладат урбаните области и да се превенираат и намалат поплавите. Таквата пракса на размена на мислења и заедничкото дејствување на локално ниво им помага на локалните заедници да се борат против климатските промени и да изградат отпорност кон  климатските влијанија – рече таа.

Заменик министерката воедно нагласи – Ние во МЖСПП секогаш го практикуваме вклучувањето на локалните власти и на гаѓаните за интегрирана климатска акција. Следствено, новиот нацрт-закон за климатска акција предвидува голем број членови посветени на локална акција, бидејќи свесни сме дека само со интегрирано, партнерско и инклузивно дејствување можеме да ја постигнеме заедничката глобална цел од Парискиот договор, и затоа би сакала да ја потенцирам важноста на поддршката и партнерството со граѓанските организации и нашите меѓународни и билатерални партнери во исполнувањето на нашите заеднички обврски кон новите генерации, заклучи Оџаклиеска.

viber_image_2023-05-31_14-27-23-792На панел дискусијата, организирана во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи при спроведувањето на акционите планови и стратегии за климата, за начините на едукација на јавноста за спроведување и промоција на  климатски активности, како и за можностите за соработка помеѓу различните засегнати страни.

Како панелисти се обратија дипломати, градоначалници, научници и експерти како и активисти од повеќе граѓански организации.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...