spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Љупчо Николовски во посетата на Вермонт, САД

МЗШВ: Министерот Љупчо Николовски во посетата на Вермонт, САД

Министерот Љупчо Николовски во рамки на посетата на Вермонт, САД, оствари средба со комесарот на одделот за шуми, паркови и рекреација на Вермонт, Danielle Fitzko, на која разговараа за заедничка соработка во делот на управувањето и заштита на шумите од пожари, унапредување на работата на шумската полиција, мониторинг и инвентаризација на шумите.Министерот Николовски на средбaта истакна дека за успешна реализација на нашата веќе започната крупна реформа во шумарството, како министерство ќе ги искористиме позитивните искуства на нашата партнер држава, Вермонт. Во таа насока во следниот период ќе се одржи и екпертска средба на тимови од Вермонт и Северна Македонија.Во рамки на својата работна посета во Соединетите Аемрикански Држави заедно со Секретарот за земјоделство, храна и пазари на Вермонт, Anson Tebbetts министерот Љупчо Николовски ја посети и фармата Borderview која е дел од Универзитетот Вермонт каде се вршат научно истражувачки дејности директно од професори и вработени во универзитетот.Министерот Николовски се сретна со мајор Gregory Knight. На средбата министерот Николовски со мајор Gregory Knight разговараа како да се прошири соработката и во други сектори освен воениот.„Надградување, проширување и конкретна соработка во делот на млади, вино, економска трговија и шумарство договоривме со искрениот пријател на Република Северна Македонија, генералот Gregory Knight. Ми беше чест да бидам гостин на националната гарда на Вермонт, а наша заедничка обврска ќе биде зголемената соработка меѓу двете пријателски држави“, истакна на средбата министерот Николовски.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...