spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Петтата недела од обуката „Познавање јазик и професионална терминологија, предуслов за...

АПЈ: Петтата недела од обуката „Познавање јазик и професионална терминологија, предуслов за специјализиран превод“

Професорите Арта Селмани и Изер Максути, кои во рамки на обуката за преведувачи и лектори од различни институции и јавна администрација неделава ќе одржат предавања во просториите на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.

Проф. д-р. Арта Селими, во однос на темата „Правен превод“, одлучи да опфати голем број стручни поими од повеќе области на правосудството.

„Ќе истакнам некои терминолошки области, од граѓанска, управна, уставна, семејна, наследна па се до кривична и други. Ќе се обидам во рамки на групата да објаснам 400 правни термини“.

Проф. д-р. Изер Максути за преведувачите и лекторите ќе ја третира темата „Превод на специјализирани текстови“.

„Карактеристиките на специјализирани текстови од различни научни области ќе бидат во фокусот на моето предавање. Ќе се задржам на две нивоа, разликата меѓу нив и како да се олесни преводот. Преводот значи разбирање. Токму тоа е познавање на стручниот јазик и терминологија, како предуслов за специјализиран превод“.

Дополнителниот придонес што АПЈ за забрзување на процесот на имплементација на двојазичноста во РСМ, им овозможува на преведувачите и лекторите што подобро да ги запознаат лавиринтите на професионалниот јазик, за да овозможат негово што појасно спроведување во секојдневната практика.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...